Српскиот рапер Реља деновиве ја оперираше раката, па набрзо по интервенцијата се огласи на социјалните мрежи каде што откри дека друштво му прави невенчаната сопруга, пејачката Николија Јовановиќ.
– Само да им се заблагодарам на сите за сè денес, за љубовта, за сите пораки што ги добив, да и се заблагодарам на мојата сопруга што се грижи за мене денес… – рече Реља со насмевка на лицето.
Потоа ја сврти камерата кон Николија.
– Ве сака вашиот брат уште еднаш! Се гледаме… не знам кога се гледаме! Гледајте ме на Јутјуб… (се смее) И се гледаме некогаш, чао! – додаде тој во видеото.
Реља, инаку, се уште не открил што точно се случило со неговата рака.