Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Разочарани фановите ги враќаат картите, Џастин Бибер ја откажа турнејата

Разочарани фановите ги враќаат картите, Џастин Бибер ја откажа турнејата

реклама:Лето во Банско

Откако минатата година Џастин Бибер откри со јавноста дека има здравствени проблеми со кои се бори и заради кои неможе да функционира сепак постоеше надеж кај неговите фанови дека ќе можат да го видат на некои од концертите кои беа закажани од неговата светска турнеја.

Канадскиот пејач Џастин Бибер, по неколку одложувања, ги откажа сите преостанати датуми од неговата светска турнеја. Во објавата на официјалниот твитер-профил на турнејата, не е наведена причината за ова последно откажување.

„Џастин Бибер официјално ги откажа преостанатите датуми на неговата светска турнеја ‘Justice’. Пријавете се кај вашето место за купување билети за враќање на парите за датумите на настапите“, се наведува во објавета на Твитер.

Бибер (29) минатото лето откри дека боледува од синдромот „Рамзи Хант“, што му предизвикува парализа на лицето.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------