Home INFO Роди момче со специфично име: Среќа во семејството на Адриана Лима

Роди момче со специфично име: Среќа во семејството на Адриана Лима

реклама:hotel PREMIER

Бившата српска снаа, една од најубавите модели во светот, Адријана Лима, по третпат стана мајка.

Лима на свет донесе момче, а убавата вест ја објави со фотографија од окото на своето новороденче.

– Cyan (Цијан) е боја помеѓу зелената и сината на видливиот светлосен спектар. Цијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места за посетување на нашата семејна листа. Цијан е сега нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет Цијан Лима Лемарс – напиша Лима под фотографијата.

Како што извести „Пипл“, познатата Бразилка се породила на 28 август во раните утрински часови во болница во Санта Моника. Сега е со синот во сопствениот дом.

За потсетување, Адријана има две ќерки од бракот со српскиот познат кошаркар Марко Јариќ, а ова и е прво дете со филмскиот продуцент Андре Лемарс.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------