Home INFO Се огласи Канје Вест! Откри колку пари изгубил! (фото)

Се огласи Канје Вест! Откри колку пари изгубил! (фото)

реклама:SANSIRO

Благодарение на многуте соработници и спонзорски договори, контроверзниот рапер Кание Вест ја уживаше титулата милијардер.

Но, неколку непромислени објави на социјалните мрежи, преку ноќ го симнаа од листата на милијаредери.

Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ ја прекина соработката со него поради неговите антисемитски изјави, објави „Форбс“.

Според Форбс, договорот на Канје со „Адидас“ изнесувал околу 1,5 милијарди долари и дека сега, без тој договор, неговата нето вредност ќе падне на 400 милиони долари.

И „Адидас“ објави официјално соопштение дека ја прекинува соработката со раперот и дека производството на неговата модна линија ќе биде прекинато „веднаш“.

„Адидас не толерира антисемитизам или која било друга форма на говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки на Канје беа неприфатливи, полни со омраза и ги нарушуваат вредностите на компанијата за почитување на различностите и меѓусебното почитување“, се вели во официјалното соопштение на „Адидас“.

Предходно и модната куќа „Баленсијага“ го раскина договорот со контроверзниот рапер поради неговите проблематични ставови, изнесени на социјалните мрежи.

Агенцијата за таленти Си-еј-еј, исто така повеќе не го застапува раперот, а филмското студио Ем-ер-си одлучи да не го објави завршениот документарец за Вест.

Па загубата, раперот се огласи на социјалните мрежи. За еден ден изгубив 2 милијарди долари и сепак сум жив, напиша тој…

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------