Home INFO Се омажи Кортни Кардашијан: Јавноста ги коментира за недоличното однесување

Се омажи Кортни Кардашијан: Јавноста ги коментира за недоличното однесување

реклама:hotel PREMIER

Славната риалити ѕвезда го изговори судбоносното ДА! Далеку од очите на јавноста, во Лас Вегас, Кортни Кардашијан стапи во брак со музичарот Тревис Баркер.

Контроверзниот пар се венчал во неделата, пред почетокот на доделувањето на Греми наградите.

Кортни и Тревис ја објавија својата веридба во септември минатата година. Ова е прв брак за Кортни, која има три деца со Скот Диск, додека за музичарот ова е “трета среќа”. Тревис е татко на две деца.

Од самиот почеток, овој пар го привлекува вниманието на јавноста, а бројни се негативните коментари за нивното однесување. Отако е со Тревис, Кортни сосема го промени стилот на облекување. Се појавува во посмели комбинации, а ја скрати и косата.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------