Home INFO Се шушка дека Џони Деп не може да и одолее на оваа...

Се шушка дека Џони Деп не може да и одолее на оваа девојка (видео)

реклама:G Natural

Познатиот холивудски заводник Џони Деп бил во љубовни врски со најубавите жени во светот, меѓу кои и Кејт Мос, Венеса Паради, Џенифер Греј. Но со ниту една од нив актерот не пронашол вистинска љубов.

Во моментов е во центарот на вниманието на сите светски медиуми поради неговата судска борба со бившата сопруга Амбер Херд, која ја тужи за клевета вредна 50 милиони долари.

Иако на приватен план му се случува вистинска драма, во јавноста се шушка дека Деп има нова девојка.

Наводно, тој е во врска со неговата адвокатка Камила Васкез.

За време на судскиот процес против бившата сопруга, Деп и Камила биле постојано во контакт, а се приметува и одредена доза на блискост помеѓу нив.

Поради оваа почнаа да се шират и гласините дека актерот е во тајна љубовна врска со својата адвокатка.

Сепаак некои медиуми објавија дека убавата адвокатка неколку месеци е во врска со британски агент за недвижнини, па останува времето да покаже дали шпекулациите за романсата со Деп се точни.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------