Home INFO Се врати на голема врата: Неверојатно богатство му нудат на Џони Деп...

Се врати на голема врата: Неверојатно богатство му нудат на Џони Деп за “Пиратите од Кариби”

реклама:hotel PREMIER

Актерот неодамна го доби судскиот спор против бившата сопруга Амбер Херд, и од тогаш неговата кариера повторно тргна во нагорна линија.

Наводно, уште пред судскиот спор Џони Деп бил во преговори за шестото продолжение на “Пиратите од Кариби” во која ја има главната улога. За овој ангажман, актерот требало да добие хонорар од 22.5 милиони долари.

Но се шпекулира дека поради тогашните обвинувања од Амбер за семејно насилство, проектот пропаднал и Џони бил исфрлен од актерската екипа. За ова сведочеше и агентот на Деп.

По завршување на судскиот спор, наводно се се сменило, па извор близок на актерот открил дека Џони преговарал за улога во продолжение на пиратите за хонорар од неверојатни 300 милиони долари, пренесуваат американските медиуми.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------