Home INFO Седум години не доаѓал на работа, сега треба да ги врати сите...

Седум години не доаѓал на работа, сега треба да ги врати сите плати

реклама:Лето во Банско

Анте бил вработен како хаузмајстор во дом за деца во Загреб. Бидејќи домот не бил задоволен од неговата работа, постојано го предупредувале за тоа и барале да се подобри. Меѓутоа, наместо да се поправи, работникот ја тужел институцијата во која работел тврдејќи дека го вознемирува и дискриминира. Тоа се случило во ноември 2012 година.

Потоа Анте престанал да доаѓа на работа, а работодавецот му ја исплаќал целата плата седум години, до декември 2019 година. Во тој период на Анте му биле исплатени вкупно 897.705 куни (119.146 евра) бруто-плата, подароци за вработени и јубилејни награди. На крајот, Анте не успеал да докаже дека работодавецот го вознемирувал врз основа на полот, дека го дискриминирал и омаловажувал, ја потценувал неговата работа и му го нарушил правото на достоинство на различни начини наведени во предметната тужба.

Анте ја добил второстепената и правосилна пресуда со која се одбива неговата тужба на крајот од октомври 2019 година, а самоиницијативно се појавил на работа на почетокот од декември истата година. Но, работодавецот веднаш му ја врачил оставката бидејќи седум години не дошол на работа.

Анте, пак, веднаш поднел тужба тврдејќи дека отказот е незаконски и побарал да биде вратен на работа. Оваа постапка е во тек.

Истовремено, работодавецот поднел тужба против Анте за да ги врати исплатените плати, а судијата неодамна одлучил дека тој мора да врати околу 137.000 евра, од кои 119.000 евра за бруто-плати и 18.400 евра за надомест за трошоци. Анте може да поднесе жалба на пресудата, но доколку изгуби, вкупната отштета би можела да достигне 150.000 евра.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------