Home INFO Северина се појави на концерт во тренерки, еве зошто!

Северина се појави на концерт во тренерки, еве зошто!

реклама:4U PHARMA

Хрватската пејачка Северина пред неколку дена имаше концерт во Брчко, Босна и Херцеговина.

Несвојствено за неа, таа настапуваше облечена во тренерки, по што наиде на многу негатвини коментари.

Но, во нејзин стил, таа на социјалните мрежи објасни што всушност се случило и зошто морала да настапи несоодветно облечена.

„Обединети бои на Европа: Конечно можам да потврдам дека некои од гласините за мене се точни. Признавам дека во Брчко настапував во тренерка во неутрална боја (и според некои, сум ја навредила публиката), а причината е баш тоа, да не ја навредам публиката со мојот стајлинг, според мислењето на локалниот политичар на дистриктот Брчко. Целиот бенд го облеков за настап во тренерки кои се во бојата на босанското и украинското знаме. Политичкиот врв толку се извади од памет, што заборави дека и нивното знаме е со истите бои како украинското. Па било или не било, заврши како што заврши – единствената тренерка што ја имав ми беше таа за по пат.
Дека сево ова е точно, потврдувам со фотографиите од шаторот каде се пресоблекувавме. Во секој случај, извинување до публиката. Слава на Украина, нам, на Босна и Херцеговина и сите добри луѓе во нив“ – напиша Северина, објавувајки фотографија од неа и целиот бенд облечени во плава и жолта боја.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------