Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Северина во непријатна ситуација по нејзината непромислена изјава во Котор која предизвика...

Северина во непријатна ситуација по нејзината непромислена изјава во Котор која предизвика бура од коментари

реклама:Лето во Банско

На предновогодипшниот настап на Северина во Котор, Црна Гора пејачката во изјава со која ја најави следната песна предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи а многумина ја обвинуваат за подгревање на и така нетрпението меѓу Србија и Црна Гора.

Имено, таа настапи на плоштадот во Котор, а кога почна да ја пее песната „Иванова корита“ на присутните им порача:

„И не ја давајте Црна Гора“.

Ова наиде на спротивставени коментари, а пејачката сега проговори за хрватските медиуми и накратко рече:

„Мир Божји, Христос се роди… И деца, чувајте ја Србија од омраза и насилство“, кратко прокоментира пејачката за хрватскиот портал „24сата.хр“, откако доби бројни критики.

Да потсетиме, Северина беше „распната“ на социјалните мрежи за горенаведената изјава, бидејќи многумина се на мислење дека пејачката од Хрватска непотребно ги подгрева конфликтите меѓу Србија и Црна Гора.

Инаку, оваа песна ја напиша српскиот композитор Милутин Поповиќ Захар, а ја испеа српската пејачка Мерима Његомир. На оваа тема се огласи и ќерката на покојната Мерима. И двајцата негодуваа за однесувањето на хрватската пејачка.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------