Home INFO Шок откритие на CNN: Човекот кој му го дал пиштолот на Алек...

Шок откритие на CNN: Човекот кој му го дал пиштолот на Алек Болдвин бил обвинет за сличен инцидент

реклама:G Natural

Асистентот на режија Дејв Хол, кој на Алек Болдвин му го дал пиштолот со кој случајно уби колешка е отпуштен од предходната работа поради сличен инцидент со пиштол, открива Си Ен Ен.

Си Ен Ен ексклузивно открива дека Хол пред две години работел како асистент на режија на филмот “Freedom’s path” кога пиштолот за кој бил задолжен случајно испукал. Во близината на оружјето тогаш се наожал тон мајстор кој поради губење на слухот бил хоспитализиран, но се опоравил.

“Холс во моментов е отстранет од сетот и снимањето е прекинато. Му беше жал, но сфати зошто не може повеќе да е дел од тимот.” – соопшти продукцијата “Roket soul studios”.

За потсетување, Хол наводно му кажал на Алек Болдвин дека пиштолот кој ќе го користи за снимање е ладен, односно не е наполнет со вистинска муниција. Актерот испукал и куршумот прво прошол низ телото на Халина Хачинс, а потоа го погодил рамото на уште еден колега од сетот.

РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------