Home INFO Што ќе се случи ако во авион не ја вклучите опцијата „авионски...

Што ќе се случи ако во авион не ја вклучите опцијата „авионски режим“?

реклама:G Natural

Ако често патувате со авион, веќе сте навикнале на почетокот од секој лет да ве предупредуваат да ги исклучите мобилните телефони и другите електронски гаџети или да ги префрлите на „авионски режим“ (Airplane mode). Сигурно некогаш сте се запрашале што ќе се случи ако не го направите тоа.

Не станува збор дека авионот поради сигналот од вашите телефони ќе се расипе или сруши, но тие ќе произведат фреквенции кои се многу посилни во воздух отколку кога сте на земја, дури 8W, а тоа ќе предизвика непријатен звук кој ќе им пречи на пилотите и контролорите на летот. Може да се случи поради тоа тие да пропуштат некоја важна информација, пренесува Tech Worm.

„Ако сте чуле бучава која повремено се случува кога мобилниот телефон е во близина на радиоприемник, тогаш знаете за што ви говориме. Таквите звуци јас ги слушам кога управувам со авион. Нема да ја нарушат безбедноста на летот, но се ужасно иритирачки“, објаснува еден професионален пилот.

После ова, можеби ќе си мислите дека не е голем проблем ако не го исклучите телефонот, но ако истото тоа го помислат сите патници во авионот, тогаш навистина може да се предизвика претерано голема бучава при радиосигналите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------