Home INFO Што најмногу се краде од хотелските соби?

Што најмногу се краде од хотелските соби?

реклама:Лето во Банско

Веб-страницата „Велнес хевен“ направила анкета на менаџери на хотели со 4 и 5 ѕвезди за да открие што најмногу крадат гостите од собите. Некои од работите се вообичаени, но некои изненадуваат.

Меѓу првите најчесто крадени работи се пешкирите, прекривките, закачалките, пенкалата и козметичките средства. Следуваат батерии, прибор за јадење, уметнички слики, таблети и ќебиња, а на самото дно се светилките, душеците, телефоните и малите фрижидери.

Меѓу најбизарните работи што биле пријавени се клавир, ловечки трофеј, клупа од сауна и цвеќе.

Гостите во хотелите со 5 ѕвезди имаат поголема веројатност да украдат скапи предмети, како таблети или слики, додека гостите во поевтините хотели почесто земаат практични предмети, како закачалки, батерии и крпи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------