Една од учесничлите во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ Мирјана Поповиќ се огласи во јавноста со обвинение до еден од членовите на жирито Ѓорѓе Давид за кого наводно тврди дека и праќал голи фотографии и непристојни пораки преку Инстаграм.
Тој наводно на пораките кои ги добил од Мирјана, на прашањето што прави и неколку прашања со совети за настапот, и оговорил со фотографија каде што е гол само со пешкир а побарал и од неа фотографии. Потоа и напишал порака за добра ноќ и пратил бакнежи.
На прашањето на новинарите за овие обвиненија Ѓорѓе изјавил дека тоа нема никаква смисла и дека не е вистина.
Како овој случај ќе се развива и дали овој скандал ќе прерасне во нешто поголемо, останува да видиме.