Home INFO Снег во најава, УМХР објави метео предупредување!

Снег во најава, УМХР објави метео предупредување!

реклама:Лето во Банско

УХМР објави метео предупредување за студен бран во кој се најавува драстична промена на временската прогноза!

Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места.

На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 км/час), а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.

Во Скопје во сабота времето ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе продолжи да дува и во недела претпладне. Температурата ќе опадне и ќе се задржи ниска и во почетокот на следната седмица.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------