Home INFO Сообраќајот на интернет-пребарувачите ќе се намали за 25 отсто до 2026 година...

Сообраќајот на интернет-пребарувачите ќе се намали за 25 отсто до 2026 година поради вештачката интелигенција

реклама:Велигден со Стаф

Луѓето сѐ повеќе ќе бараат одговори од генеративните алатки за вештачка интелигенција, а не од интернет-пребарувачите како „Гугл“, тврди американската компанија „Гартнер“.

Во својата нова анализа тврди дека сообраќајот на интернет-пребарувачите ќе се намали за 25 отсто до 2026 година поради вештачката интелигенција, што автоматски ќе доведе до пад на приходите и профитот на одредени компании чиј маркетинг се базира на „Гугл“ и други пребарувачи.

Таканаречената Си-и-о (SEO) оптимизација, акроним од англиските зборови „Барај/Search, пребарувач /engine, оптимизација/optimization“, односно оптимизација на пребарувачи, подразбира процес на подобрување на квалитетот и квантитетот на содржината од некоја веб-страница во резултатите од пребарувањето на „Гугл“, па во оваа смисла врши одлична работа. На овој начин оптимизацијата преку интернет-пребарувањето може да ги зголеми приходите на компаниите, а порастот на генеративната вештачка интелигенција предизвика легитимна загриженост дека пребарувањето на „Гугк АИ“, како и другите алатки за вештачка интелигенција, може да го „украде“ сообраќајот што претходно би бил насочен кон друга локација. Покрај тоа, трошоците за огласувачите би се зголемиле во голема мера, а многумина веќе веруваат дека „Чет-ГПТ“ веќе го зема пазарниот удел на „Гугл“.

Доколку се остварат предвидувањата од оваа анализа, тоа ќе значи дека интернет-маркетингот ќе доживее огромен пресврт.

Сепак, ваквите предвидувања често одат во погрешна насока бидејќи неодамна истата компанија објави прогноза дека дури 50 отсто од корисниците ќе ги ограничат или целосно ќе ги напуштат социјалните мрежи до 2025 година, но подоцна се откажа од неа. Ова потенцијално би можело да се случи со која било анализа на идните трендови, но со оглед на зголемената популарност на вештачката интелигенција, можно е прогнозата за пребарувањето да биде точна.

Компанијата тврди дека до 2028 година сообраќајот за органско пребарување ќе се намали за 50 проценти или повеќе. Ова тврдење делумно се заснова на резултатите од истражувањето од август минатата година, во кое 79 отсто од испитаниците очекувале да користат вештачка интелигенција во пребарувањето во следната година.

Исто така, 70 отсто од анкетираните имаат доверба во резултатите од пребарувањето со вештачка интелигенција и соодветно на тоа, компанијата ги советува брендовите да се подготват за промените што доаѓаат.

– Пазарите чии брендови се потпираат на Си-и-о оптимизација треба да размислат за распределба на ресурси за тестирање на други канали, за да ги преживеат промените што доаѓаат – вели Емили Вајс, главен истражувач во компанијата.

Сигурно е дека вештачката интелигенција ќе го промени начинот на кој го користиме интернетот, а дали навистина ќе се оствари прогнозата за толку голем пад на класичните интернет-пребарувања, ќе видиме во 2026 година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------