Home INFO Сопругот на Јелена Карлеуша се сели од Србија!? Еве каде ќе живее...

Сопругот на Јелена Карлеуша се сели од Србија!? Еве каде ќе живее најскапо платениот фудбалер

реклама:hotel PREMIER

По четиринаесет години брак, пејачката Јелена Карлеуша и бившиот фудбалер Душло Тошиќ донеле одлука да се разведат.

Старателството над децата и припаднало на Јелена, а сите недвижнини кои ги стекнале за време на заедничкиот живот ќе останат на нивните две ќерки Атина и Ника.

За време на својата фудбалска кариера, Душко заработи многу и купи луксузни недвижнини во Србија, па многумина се прашуваат каде ќе живее по разделбата со Јелена.

Според српски Блиц, Тошиќ, кој сега работи како спортски менаџер, планира животот да го продолжи во Турција, каде периодов најчесто престојува поради работните обврски, но повремено ќе биде и во Србија поради Атина, Ника и неговата мајка.

За потсетување, покрај останатите фудбалски клубови за кои играл, најголемиот успех го имаше во турскиот клуб Бешикташ каде играше од 2015 до 2018 година.

Според тогашните пишувања во медиумите, за три сезони во тој клуб Тошиќ заработувал 1.250.000 евра годишно, плус бонуси од 4 000 евра за секој одигран натпревар.

По огромниот успех во Бешикташ, Душко направи трансфер во кинескиот Гуангџоу каде доби вртоглава плата. Неверојатни 5.800.000 евра од сезона, пренесуваа медиумите.

Со овој договор Душко Тошиќ стана најплатениот српски фудбалер.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------