Home INFO Срам за кралското семејство: Дури и Хари црвенее од постапката на Меган...

Срам за кралското семејство: Дури и Хари црвенее од постапката на Меган Маркл (видео)

Фото: Instagram/sussexroyal
реклама:Лето во Банско

Серијата со наслов “Harry&Megan” на Нетфликс, предузвика бурни реакции во јавноста.

Првите три епизоди се веќе објавени а изјавата на Меган Маркл и нејзиното однесување во епизодите наидоа на бурни реакции.

Меган Маркл раскажа како ја запознала кралицата Елизабета Втора , покажувајки како и се поклонила.

Додека раскажуваше, покрај неа седеше Хари на кој очигледно му беше многу непријатно.

Меган ја запознала кралицата во 2016 година на ручек во Кралската ложа во Виндзор, кратко по објавувањето на врската со принцот Хари.

Елизабета Втора била првиот член на кралското семејство кој се сретнал со Меган.

Средбата со кралицата ја опиша со средновековните случувања, односно со оние што се прикажуваат во американските кина “Medieval Times” каде се изведуваат средновековните игри и борби.

Не стивнуваат реакциите од јавноста, кои ги критикуваат принцот Хари и особено Меган за нивните изјави.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------