Home INFO Старлетата на мета на критики: Kако Ким Кардашијан успеа го облече фустанот...

Старлетата на мета на критики: Kако Ким Кардашијан успеа го облече фустанот на Мерлин Монро?

реклама:4U PHARMA

Како и секоја „Мет гала“, така и овогодинешната изобилуваше со извонредни модни парчиња кои ги презентираа најпопуларните лица на планетата.

Ким Кардашијан доминираше на црвениот тепих, кога се појави во фустанот кој легендарната Мерлин Монро го носела прославата на 45. роденден на американскиот претседател Џон Кенеди.

Фустанот е во боја на кожа со повеќе од 2.500 рачно вшиени кристали, а беше купен на аукција во 2016 година од синџирот музеи Ripley’s Believe It or Not, за речиси 5 милиони долари.

Наводно, бил толку тесен што рабовите биле шиени на самата Мерлин, па Ким била подложена на ригорозна диета за да успее да „влезе“ во него.

Светските таблоиди пренесуваат дека Ким ослабела седум килограми за само три недели, се со цел да го облече култниот фустан.

„Фустанот го носеше Мерлин Монро кога му пееше „Среќен роденден“ на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1962 година. Го пробав и не ми беше точен, беше претесен. Им реков да ми дадат три недели и дека ќе ослабам седум килограми. Тоа беше голем предизвик за мене“, им рече реалити-ѕвездата на дописниците на „Вараети“ на црвениот тепих на гламурозниот настан „Мет гала“ кој се одржа во понеделникот.

По оваа изјава старлетата наиде на многу критики од јавноста, кои ја обвинија дека пропагира нездрав начин на слабеење.

Која е поентата на прегладнување цели три недели, за потоа да се прејадуваш? Тоа не е здраво ниту хумано! – ова е само еден од многуте коментари во јавноста.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------