Потребни состојки:
25 милилитри џин
200 милилитри сок од јаболко
лажичка мед, цимет, каранфилче, ѓумбир, анасон…
Начин на подоготвка:
Загрејте го сокот од јаболко со лажичка мед и додадете зачини. Штом зоврие, изгаснете го пламенот.
Истурете 25 милилитри од вашиот омилен џин во оваа мешавина.
Ако имате јаболко, исечете го на кругчиња и додадете неколку парчиња и послужете додека е жешко. Додадете лимон за украсување!