Home INFO Свадба во Ирак заврши со трагедија: Избувнал пожар во кој загинале младоженецот,...

Свадба во Ирак заврши со трагедија: Избувнал пожар во кој загинале младоженецот, невестата и многу гости (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Речиси веднаш откако младенците го почнале својот прв танц, на свадба во Ирак избувнал пожар кој брзо се проширил низ салата и убил 100-тина луѓе. Имало и 150 повредени, вклучувајќи и деца, а властите претпоставуваат дека пожарот настанал поради огнометите кои биле на подот.

Свадбена прослава во Ирак заврши трагично откако избувнал пожар во кој загинале 100-тина луѓе, а 150 биеле повредени.

Според властите, и младоженецот и невестата се помеѓу загинатите.

На снимки од трагедијата кои беа прикажани на локалните телевизии во Ирак се гледа како младенците Ханин и Реван танцуваат, пред да почне пожарот.

Пожарот брзо почнал да се проширува, а гостите панично пробувале да избегаат од салата.

На прославата присуствувале 900 гости, а според преживеаните, чадот бил толку густ што голем дел останале заробени во салата и не можеле да го најдат излезот.

Над 100 луѓе загинале, а 150 биле повредени. Од повредените, дури 50 биле во критична состојба.

Дел од повредените се и деца кои имале сериозни изгореници по телото.

„Ханин и Реван танцуваа бавно, кога огнот почна да се искачува кон таванот и целата сала беше во пламени. Не можевме да видиме ништо.

Се задушувавме, не знаевме како да излеземе“, изјавила 17-годишна гостинка на свадбата за локална телевизија.

За разлика од многумина, младата девојка поминала со полесни повреди, односно изгореница на раката.

Медиумите во Ирак споделија и морничави фотографии по трагедијата, откако бил изгасен огнот.

Целата сала е изгорена и се гледаат само расфрлани метални делови од столовите и срушениот таван.

Наводно, салата се срушила многу брзо бидејќи била направена од евтини и лесно запаливи материјали. Внатре имало и декорации кои придонеле за проширувањето на огнот.

Засега не е позната точната причина за настанувањето на пожарот, но експертите се сомневале дека „виновни“ се огнометите кои биле поставени на подот и прво ги запалиле лустерите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------