Home INFO Три милиони четки за заби извеле хакерски напад на швајцарска фирма –...

Три милиони четки за заби извеле хакерски напад на швајцарска фирма – милион евра штета

реклама:Лето во Банско

Во прилично изненадувачка и помалку неверојатна „сајбер ситуација“ која неодамна се случила во Швајцарија, организирана група хакери извршиле DDoS напад користејќи 3 милиони паметни четки за заби инфицирани со малвер, со што предизвикале значителна финансиска штета на неименувана компанија од оваа алпска земја.

Во невиден сајбер напад, хакерите ја презеле командата над паметните четки и преку нив го започнале таканаречениот Дистрибуиран напад за одбивање на ресурси, или скратено DDoS (Distributed Denial of Service), што на компанијата ѝ предизвикал загуба вредна околу еден милиони евра.

Паметните четки за заби базирани на технологијата интернет на нештата (IoT – Internet of Things) се дизајнирани да го подобрат корисничкото искуство и да промовираат подобра орална хигиена, благодарение на различните функции кои се активираат со поврзување со други уреди. Во исто време, истите овие карактеристики ги прават совршени „регрути“ за сајбер криминалците и нивните злонамерни сајбер напади.

Четките за заби, кои користеле оперативен систем заснован на програмскиот јазик Java, биле заразени со малвер, а потоа се користеле за да ја преплават веб-страницата на компанијата со лажен сообраќај, што предизвика нејзино паѓање. Колапсот на веб-страницата на швајцарската компанија, предизвикан од прекумерниот товар на злонамерни барања, довел до значителни финансиски и оперативни нарушувања во нејзиниот компјутерски систем.

Овој инцидент на најдобар начин ја покажа опасноста од ранливоста на паметните IoT уреди својствени за IoT екосистемите, како и фактот дека тие се шират многу лесно и брзо. Затоа на некој начин и претставува значајна пресвртница во еволуцијата на сајбер заканите, наведува швајцарскиот Aargauer Zeitung.

Настанот го нагласува постојано проширувањето, растечкиот спектар на закани и фактот дека во голем број меѓусебно поврзани паметни уреди, дури и најнеопасните можат да се претворат во алатки за сајбер војување.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------