Home INFO ТРИКАЛА: Магично гратче во Грција кое ќе сакате да го посетите за...

ТРИКАЛА: Магично гратче во Грција кое ќе сакате да го посетите за празниците

реклама:4U PHARMA

Божиќниот парк во гратчето Трикала, Грција, ќе ве освои на прв поглед.

Прекрасни празнични декорации, волшебна атмосфера, забава за големи и мали, вкусни искушенија, Дедо Мраз, возење со воз…

Ова магично место добива само комплименти од посетителите.

Градот Трикала во Централна Грција стана познат како зимска дестинација благодарение на иновативната идеја да вклучи една стара мелница во најголем тематски парк за Божиќ во Грција.

Неколку години по своето основање проектот еволуирал од мал Божиќен панаѓур до голем тематски парк, кој годишно го посет посетуваат над 850.000 посетители.

Името на панаѓурот е РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------