Home INFO Твитер ќе изненади со нови измени кои сигурно ќе ви се допаднат

Твитер ќе изненади со нови измени кои сигурно ќе ви се допаднат

реклама:hotel PREMIER

И социјалната мрежа Твитер подготвува своја надградба но и изненадување за своите корисници но и оние кои заради тоа што сакаат фотки и видеа не ја користат оваа социјална мрежа.

Наскоро сите корисници на Твитер во еден пост ќе можат да објават видео, GIF и фотографија.

Оние кои некогаш користеле Твитер знаат дека компанијата во моментов дозволува само еден вид/формат на медиумска содржина да се прикачи на твит. Иако е можно да се прикачат четири фотографии, не можете да додадете повеќе од едно видео или GIF или да ги мешате со фотографии.

Со опцијата која е во фаза на тестирање се задржува лимитот од четири медиумски содржини, но сега корисникот би имал можност на кој било начин да комбинира фотографии, видеа или GIF во тие четири полиња.

Твитер истакна дека ја тестира новата функција на неколку избрани кориснички сметки во ограничен период. Компанијата вели дека со овој тест сака да открие како корисниците комбинираат различни формати на содржина за покреативно да ги изразат своите ставови, надвор од ограничувањето од 280 знаци што го дозволува Twitter.

Како што е вообичаено за тестовите на Twitter, функцијата моментално е достапна на ограничен начин, а сè уште нема информации кога ќе биде овозможена за сите корисници.

Твитер тестира функција која ќе ги воодушеви корисниците

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------