Home INFO Твитер трајно го блокираше профилот на Трамп, а тој порача: Нема да...

Твитер трајно го блокираше профилот на Трамп, а тој порача: Нема да не замолчите, наскоро очекувајте големи вести

реклама:G Natural

Социјалната мрежа Твитер објави дека трајно ја блокира сметката на претседателот на САД, Доналд Трамп, поради ризик од понатамошно поттикнување на насилство.

„По деталниот преглед на неодамнешните твитови од профилот @realDonaldTrump и контекстот околу нив, ние трајно ја суспендиравме сметката поради ризик од понатамошно поттикнување на насилство“, објави компанијата во твитот.

Твитер привремено ја блокираше сметката на Трамп претходно оваа недела, откако приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата во Капитол во средата и предупредија дека дополнителното кршење на правилата од наредбите на претседателот ќе резултира со трајно суспендирање, според Ројтерс.

Што рече Трамп?

„Како што велам веќе подолго време, Твитер сè повеќе се движи кон забрана за слобода на говор, а вечерва вработените во Твитер, во соработка со демократите и радикалната левица, ја отстранија мојата сметка од нивната платформа за да ме замолчат – како голем патриот за кој гласале 75.000.000 лица “, напиша Трамп во серија твитови. Сепак, тие објави беа отстранети само по три минути, но другите корисници на социјалните мрежи успеаја да ги споделат.

“Тие нема да нè замолчат! Твитер не ја почитува слободата на говорот, туку ја промовира платформата на радикалната левица, каде на некои од најзлобните луѓе во светот им е дозволено да зборуваат слободно”, истакна Трамп.

Трамп им порача на своите приврзаници „да продолжат“ и најави дека наскоро ќе објави големи вести. Тој додаде дека неговиот тим преговара со разни страници, како и дури размислува за „воспоставување сопствена платформа во блиска иднина“.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“