Home INFO УЕФА: Финалето на ЛШ ќе се одржи во Истанбул

УЕФА: Финалето на ЛШ ќе се одржи во Истанбул

реклама:Лето во Банско

Финалниот натпревар од Лигата на шампионите ќе се одигра според планираното, на 10 јуни во Истанбул, соопшти УЕФА. На овој начин УЕФА ги деманатираше информациите дека е можно финалето да се премести во Лисабон.

Претпладнево, „Дејли мејл“ објави, а потоа голем број медиуми ја презедоа информацијата, дека УЕФА е загрижена дека се можни граѓански немири во Истанбул, бидејќи вториот круг од претседателските избори е закажан за 28 мај.

Во финалето на 10 јуни ќе играат победниците од полуфиналните натпревари Реал-Манчестер сити и Милан-Интер. Засега најблиску до финалето е Интер, кој во првиот меч како гостин славеше против Милан со 2:0.

Првиот меч помеѓу бранителот на трофејот, Реал и Манчестер сити, заврши со резултат 1:1.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------