Home INFO Ураганот Ијан ја прегази Флорида: Катастрофални поплави, милиони без струја ( видео)

Ураганот Ијан ја прегази Флорида: Катастрофални поплави, милиони без струја ( видео)

реклама:hotel PREMIER

Ураганот Ијан синоќа ја погоди Флорида со катастрофална сила.

Ветрови со неверојатни 240 километри на час, поројни дождови и силни бранови, ова е сликата откако Ијан потопи крајбрежни делови како ураган од категорија 4.

Околу 2 милиони домаќинства на Флорида останале без струја.

Се смета дека ова е еден од најсилните урагани во историјата на САД.

Најтешко погоден град е Форт Маерс, во чија близина беше центарот на ураганот.

Нема информации за загинати или пак повредени, а граѓаните со денови беа предупредувани на опасностите од ураганот.

Сепак, имало луѓе заглавени во своите домови, откако не ги послушале наредбите за евакуација.

Во очекување на ураганот, сојузните држави Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------