Home INFO Уште една маестрална композиција од Димитар Митровски (видео)

Уште една маестрална композиција од Димитар Митровски (видео)

реклама:Лето во Банско

Деновиве е снимен спот за втората композиција од третиот албум на виртузот на хармоника, Димитар Митервски, кој што треба наскоро да се појави на музичкиот пазар.

За оваа песна и спот Димитар Митревски вели:

-Инспириран бев од брзината на нашето секојдневие каде сите некаде брзаме, преку музичкиот стил етно-самба-џез направив композиција за хармоника и за истата снимивме диманичен видео запис. На спотот се потпишуваат Даниел Јовановски и “Sustain Production“.

Митревски упатува благоданост за неговите колеги Марко Дениќ, Гоце Илиевски, Горан Гешовски, Иван Петровки и до ауди продуцентот Ангел Ќошев од “Thebasement studios“, за како вели снимениот свестки звук.

Спотот е снимен во ресторанот “Голд Фелиција“, а во него учествуваат танчери од студиото за танц “Expose“, предводени од Бобан Катаровски и Анан Маркоска.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------