Home INFO Утре е Велики Четврток – ден за вапсување на велигденските јајца

Утре е Велики Четврток – ден за вапсување на велигденските јајца

реклама:hotel PREMIER

Велики четврток е денот во најтешката, последна недела пред Велигден, најголемиот празник во Христијанството.

На овој ден се вапцаат јајца, а домаќинките рано стануваат за да имаат офарбани велигденски јајца пред да изгрее сонцето.

Иако има различни техники и бои за вапцање, за шарена велигденска кошница, сепак се фарбаат прво црвени традиционални јајца.

Бојадисаните јајца најчесто се ставаат во кошница со слама, која наликува на гнездо, а обичај е секој да добие јајце од семејството.

Првите бојосани јајца биле наменети за куќата, за Господ и по едно за секој член од семејството.

Се верувало дека токму првобојадисаното јајце има голема заштитна моќ.

Пред да се офарба првото јајце домаќинката се прекрстува.

Традицијата налага домаќинката пред да започне со бојадисување да не е гладна, да изеде макар и корка леб. Наводно, доколку се бојадисувале на гладно, не носеле радост во семејството.

Сепак, тоа е само предание. Доволна е позитивната мисла и во радост да се помине најголемиот христијански празник!

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------