Home INFO Уживајте во пишаниот збор: Прославете го Светскиот ден на книгата

Уживајте во пишаниот збор: Прославете го Светскиот ден на книгата

реклама:G Natural

Под покровителство на УНЕСКО, 23 април е назначен за Светски ден на книгата, за првпат прославен во 1995 година.

Датумот има цел да ги промовира книгите, да ги поттикне издавачите и да укаже на заштитата на авторското право.

Читањето е добро за нашата благосостојба и ментално здравје.

Читањето ја подобрува комуникацијата

Читањето го збогатува нашиот вокабулар, што придонесува за подобрување на нашата комуникација со другите и ни се олеснува искажувањето на мислата. Покрај тоа, со читањето се збогатува нашето знаење. Колку повеќе знаење имаме, толку подобро можеме да се справиме со предизвиците со кои некогаш би се соочиле и да ја подобриме комуникацијата во нашиот социјален и професионален однос.

Читањето го стимулира вашиот ум

Истражувањата покажуваат дека мозочната стимулација може да превенира заболување од Алцхајмерова болест и деменција. Исто како и другите мускули во нашето тело, мозокот бара вежби што ќе го одржуваат во здрава и витална состојба, а читањето е најдобрата вежба за тоа.

Читањето го поттикнува аналитичкото размислување

Ви се случило некогаш додека читате мистериозен трилер да ја решите мистеријата пред да ја завршите книгата? Тоа значи дека со помош на деталите кои се прикажани во самата приказна вие го употребувате вашето критичко и аналитично размислување за откривање на случајот.

Истата способност за анализирање детали може да ви помогне во оценување на самата содржина на книгата, да процените дали истата е добро напишана, дали ликовите се добро развиени итн.

Читањето го намалува стресот

Со каков стрес и да се соочувате на вашето работно место или приватниот живот, ваквата состојба може брзо да исчезне доколку се задлабочите во некоја добра приказна. Добро напишаниот роман ќе ви помогне да ги пренасочите вашите мисли кон случувањата во книгата и ќе ве опушти од тензијата која дотогаш сте ја чувствувале. Една студија од Универзитетот во Сасекс покажува дека се потребни самo 6 минути читање за да се ослободиме од стресот што го чувствуваме.

Покрај сите горенаведени бенефити, истражувањата покажуваат дека сите оние кои читаат барем 15 минути на ден се чувствуваат исполнети, релаксирани, попаметни и посреќни.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“