Home INFO Ватикан истражува: Како од Инстаграм профилот на папата Фрањо била лајкната фотка...

Ватикан истражува: Како од Инстаграм профилот на папата Фрањо била лајкната фотка од бразилски модел

реклама:ХитКујна канал

Ватикан објави дека испитува како од официјалниот профил на папата Фрањо на Инстаграм била лајкната фотографија на оскудно облечен бразилски модел. Нејасно е кога била лајкната фотографијата на Наталија Гарибото, која е облечена во школска униформа. Лајкот во меѓувреме бил тргнат.

Официјални лица на Ватикан сега истражуваат како се случило ова.

„Можеме да исклучиме дека лајкот дошол директно од Светиот Отец и побаравме објаснување од Инстаграм“, изјави портпаролот на Ватикан.

Инстаграм профилот на папата Фрањо има 7,4 милиони следбеници низ цел свет.

„Со профилите на папата на социјалните мрежи управува тим од вработени. Во тек е внатрешна истрага“, кажаа извори од Ватикан.

„Ако ништо друго, сигурно ќе одам во рај“, напиша Гарибото на Твитер.

РЕКЛАМИ:
Loading...