Home INFO Во Хрватска поставен споменик на Тоше Проески: Граѓаните реагираат дека не е...

Во Хрватска поставен споменик на Тоше Проески: Граѓаните реагираат дека не е добро направен (видео)

реклама:G Natural

Во Нова Градишка – Хрватска беше откриен споменик на Тоше Проески кој токму на тоа место пред 14 години загина во сообраќајна несреќа.

Статуата на Проески ја изработи скулпторот Славко Буниќ, а на откривањето присуствувале градоначалниците на Крушево, Нова Градишка како и македонскиот амбасадор во Хрватска.

Набрзо по објавувањето на оваа информација во медиумите, следуваша лавина од негативни коментари од граѓаните во Хрвстска, кои реагираа дека статуата воопшто не личи на покојниот Тоше, и ова е навреда за неговиот лик и дело.

Погледнете како изгледа статуата па проценете сами дали се основани негативните коментари

Како и да е , за поздрав е подвигот на општината Нова Градишка и нивниот напор нашиот Тоше да се памети вечно.

РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------