Home INFO Временска прогноза: Ќе се радуваме ли на нов снег?

Временска прогноза: Ќе се радуваме ли на нов снег?

реклама:G Natural

Временската прогноза најавува снег во повеќето делови од државата.

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови. Температури од 2 до 9 степени Целзиусови.

Утре не очекува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Во четврток кон крајот на денот, во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта кон петок во западните и северните делови се очекуват локално врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветар од југозападен правец, кој повремено ќе се засилува.

Во петок, минималните температури ќе се движат од -5 до 2 степени Целзиусови а максималните од -2 °C до 4 °C . Ќе биде облачно, со повремени врнежи од снег, особено наутро и претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните предели каде ќе има снежна покривка која на планините ќе се зголеми.

Помала количина на снег се очекува и во останатите делови од земјата, освен во централниот и долниот дел од Повардарието.

Веќе во сабота, прогнозите најавуваат сончево време со умерена облачност, студено и ветровито, со провејување на слаб снег.

Се очекува да дува засилен ветар од северен правец.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------