реклама:
Пред почетокот на Европското првенство во фудбал каде за прв пат ќе учествува и наша репрезентација, Министерството за внатрешни работи на Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, информираше дека испратиле свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11.06 до 18.06 2021 година ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.
Тие заедно со останатите службени лица ќе се грижат за безбедноста на играчите и теренот, да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди.