Големата музичка ѕвезда и милионерка Ријана по два месеци откако се породи се појави во јавност а тоа не помина незабележано од папараците.
Пејаката во лежерен спортски изглед со хеланки и фатена коса била забележана како излегува од концерт на нејзиниот сопруг.
Откако нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky настапи, нејзините телохранители ја придружуваа зад сцената додека чека такси.
Ова не е прв пат познатата милијардерка да дојде да го поддржи таткото на нивното дете. Претходно овој месец Ријана се појави ненадејно на фестивалот Wireless каде A$AP Rocky настапи со нејзиното поранешно момче Крис Браун.
A$AP Роки и Ријана добија син на 13 мај.
– Ријана е добро. Тие се многу возбудени што станаа родители. Таа е веќе прекрасна мајка – рекол изворот.