Мега популарната двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се чини дека конечно уживаат во љубовта.
Откако двојката ја прослави својата венчавка со пријателите викендот во Лас Вегас сега е на романтично патување во градот на светлината Париз.
Од папарацо фотките може да се забележи дека уживаат во романтични прошетки а биле забележани и како разменуваат нежности на клупа.
Конечно може да заклучиме дека парот откако ги мина сите турбуленции ја живее взаемната љубов како што треба.