Откако стапи во брак со Бен Афлек, атрактивната Џенифер Лопез постојано е дел од таблоидите.
За краток период скоро сите нејзини поранешни сопрузи се огласија во медиумите со свој став и прогнози за тоа колку ќе потрае последниот сопруг.
На оваа тема неодамна се огласи и нејзиниот прв сопруг кој нема баш многу очекувања дека и новиот брак ќе потрае бидејки како што вели тој Џенифер многу бргу го губи интересот и страста кон секој маж кратко и трае.
Тој изјави за весникот „Мејл он сандеј“:
„На неа и на Бен им посакувам сè најдобро, но не сум убеден дека ќе потрае. Џен сака да биде вљубена, но таа беше свршена шест пати. Бен е сопруг број четири. Јас бев сопруг број еден и ми рече дека јас сум љубовта на нејзиниот живот. Кога лежевме во кревет на нашата брачна ноќ, таа рече дека ќе бидеме заедно засекогаш.“