Home INFO Бившата на Бен Афлек е во врска со Бред Пит!?

Бившата на Бен Афлек е во врска со Бред Пит!?

реклама:

Емили Ратајковски е модел кој постојано го привлекува вниманието на јавноста.

Девојката која без проблем позира потполно гола, неодамна се разведе од нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Себастијан.

Кратко по разводот, Емили е забележана со друг маж, ни помалку ни повеќе, туку холивудскиот заводник Бред Пит.

Според странските медиуми, Бред Пит бил уловен на ручек во ресторан во Париз со 31-годишната Емили Ратајковски, а според блиски извори на странските медиуми, манекенката и актерот често се гледаат и поминуваат многу време заедно.

Подоцна, фановите повторно го забележале парот заедно, но во еден од баровите во Њујорк.

Ниту Емили, ниту пак Бред не се изјасниле во јавноста.

Пред бракот со Себастијан, Емили Ратајковски беше во кратка врска и со Бен Афлек, сопругот на латино дивата Џеј Ло.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------