Home INFO Гламурозната свадба на синот на Бекам, била вистински кошмар за невестата!

Гламурозната свадба на синот на Бекам, била вистински кошмар за невестата!

реклама:

Светските медиуми во фокус ги ставаат односите во семејството Бекам, кое пред неколку месеци се прошири за уште еден член откако синот Бруклин стапи во Брак со младата актерка и милијардерка, Никола.

Наводно, помеѓу Викторија и снаата постојат големи тензии, а истите почнале уште на свадбената прослава.

На снаата, наводно, не и се допаѓало тоа што на нејзината свадба со Бруклин свекрвата била во центарот на вниманието наместо младите.

Тензиите започнале кога Викторија побарала момент за „синот и мајката“ па со Бруклин танцувала на песната која требала да биде изведена за него и сопругата.

Оваа постапка воопшто не и се допаднала на новата снаа. Во еден момент таа дури со солзи во очите истрчала од салата во тоалет каде сестрата и мајката се обидувале да ја смират.

Дополнително, пејачот Марк Ентони кој е близок пријател на Бекамови, пред да запее одржал говор на кој наместо да зборува за младите, фокусот го ставил на Викторија и Дејвид.

Од тогаш, снаата наводно не може да ја поднесе свекрвата Викторија, па односите не им се во најдобар ред.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------