Дека е убаво да се инвестира во недвижнини многу добро знае и фолк пејачката Дара Бубамара.
Имено таа на социјалните мреќи се пофали со уште еден стан кој што по пишувањето на српските медиуми ја чинел 300 000 евра и е втор стан кој таа го купува во Барселона.
-Дара е заљубена во Барселона. И одговара енергијата на тој град, луѓето… таа секое слободно време го користи да отпатува таму со својот син Коста кој исто така е воодушевен од овој град. На пријателите таа неодамна им се довери дека разгледувала станови близу до плажа и дека се заљубила особено во еден од 70 квадратни метри кој чини вртоглави 300 илјади евра. Планира комплетно да го уреди и да го издава, таа за ова не сака да се зборува во јавноста, бидејќи никогаш не се фалела со недвижностите на свое име. Дара многу работи, но и многу троши, со годините наназад сфатила дека најдобро е да се вложува во квадратите и дека тука нема грешка, вели извор близок до пејачката.