Најпродаваниот салса музичар Марк Ентони неодамна по четврти пат стапна на лудиот камен. Негов последен избор е 23 годишната манекенката и мис Универзум на Парагвај, Надја Ферера.
На денот на вљубените, 54-годишниот музичар откри дека тој и надја очекуваат дете.
„Најдобриот подарок за Валентајн! Ти благодариме Боже за овој голем благослов во нашите животи“, стои во описот.
Најпознат брак на Марк Ентони е со Џенифер Лопез, со која ги имаат близнаците Макс и Ема. Поранешните сопружници се во одлични односи.
Тој зад себе има уште 3 неуспешни бракови и уште 3 синови и една ќерка.