Home INFO Би ги избришале ли сите фотографии од Инстаграм за да добиете бесплатни...

Би ги избришале ли сите фотографии од Инстаграм за да добиете бесплатни патувања цела година?

реклама:Велигден со Стаф

Американската авио-компанија „JetBlue“, направила интересен предизвик.

Што се бара?

Отстранете ги сите фотографии од Инстаграм и објавете само една фотографија која ќе ја ставите во специјално изготвена JetBlue позадина.

Треба да почекате некое време за да видите дали сте победиле. Ако одговорот е позитивен, тогаш ве очекуваат бесплатни летови за цела година, на било која дестинација на која лета компанијата.

„Не се грижете. Ако победите, ќе може да споделите колку фотографии сакате од наредните патувања“, навеле во соопштението.

Натпреварот трае до 8-ми март и веќе привлекол внимание поради интересно малиот одзив.

Изгледа дека сепак повеќе ги сакаме социјалните мрежи отколку патувањата?

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------