Home INFO Фондацијата Никола Јанчев додели 10 стипендии на талентирани студенти

Фондацијата Никола Јанчев додели 10 стипендии на талентирани студенти

реклама:G Natural

Вчера во просториите на Кожувчанка ДОО, од Фондацијата Никола Јанчев, на десет талентирани студенти кои се запишани на државните универзитети им беа поделени стипендии.

На присутните им се обратија Јанинка Чупаркоска и Митко Јанчев кои раководат со Фондацијата која го носи името на нивниот татко.

– Искрено се надевам дека овој ден ќе биде инспирација за нашите млади стипендисти со добро дело да им возвратат на идните генерации на нашето Кавадарци – изјави при доделувањето на стипендиите еден од најдобрите градоначалници на Македонија, првиот човек на фондацијата и на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Овогодинешните стипендии со еднократен износ од 500 евра во денарска противредност ќе бидат исплатени заклучно со 15.07.2021

По детално разгледување на сите пристигнати апликации комисијата одлучи да ги награди следните 10 апликанти:

1.Славе Темков

2. Страшо Наумов

3. Ирена Дафчевска

4. Менче Лазова

5. Иван Камчев

6. Весна Темкова

7. Борис Ифтимов

8. Загорка Јованова

9. Јованович Кристина

10. Дијана Ристова

* Марија Трајкова

*Марија Трајкова и понатаму продолжува да биде наш стипендист се до завршување на нејзиното високо образование.

Сите добитници добија и други пригодни награди.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------