Home INFO “Изградија цел град”: Вака ќе изгледа венчавката на ќерката на Бил Гејтс...

“Изградија цел град”: Вака ќе изгледа венчавката на ќерката на Бил Гејтс (видео)

реклама:G Natural

Кога се мажи ќерката на милијардер, се мора да биде совршено организирано.

Бил Гејтс активно е вклучен во свадбените подготовки на дваесет и петгодишната ќерка Џенифер Кетрин. Кетрин ќе стапи во брак со милионерот и професионален јавач на коњи Најел Насар кој по потекло е од Египет.

Пробната венчавка се одржала во петокот под надзор на телохранителите кои сепак не успеале да спречат фотографиите да излезат во јавноста.

Церемонијата се одржува на голем имот во близина на Њујорк. Имотот веќе некое време се подготвувал за венчавката, па луѓето со денови гледале камиони со голем шатор, мебел, осветлување и друга опрема.

Коментарите на станарите во близина покажуваат колку луксуз има на венчавката на ќерката на Бил и Мелинда.
“Скоро изградија цел мал град”, рекол сосед.

Станарите почнале да забележуваат дека нешто се подготвува уште пред една недела бидејќи морале да трпат многу бука, па се пожалиле.
Во знак на извинување за бучавата, Гејтс до сите соседи испратил пакети со подароци во кои имало и скапо црвено вино.

РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------