Ако ве мачи главоболка или кашлица, а дома имате непрскани мандарини, од нивната кора можете да направите одличен лек.
Еве што треба да направите ако сакате да ја искористите кората од мандарина како лек:
– Сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја смесата во тегла.
– Мелената кора прелијте ја со чаша вотка или 40% алкохол.
– Тегличката добро затворете ја и оставете ја да отстои една недела на темно место.
– Јадете по една лажица после јадењето, а после тоа јадете една лажица мед.
А, ова се останатите причини поради кои мандарините се супер:
Со мандарините постигнувате витамински оптимум, затоа што во 100 грама мандарини има 30 милиграми витамин Ц. Ова овошје има мала енергетска вредност, а исто така е богато со влакна кои го подобруваат метаболизмот и варењето на храната.
Мандарините се добри за видот и за кожата, а исто така се покажаа како добар антиоксиданс. Можете да ги конзумирате со јаболки, крушки или костенесто овошје.
Доколку сте вешти во кујната, можете да направите и сос од мандарини, кои ќе го послужите со дивеч или како дресинг за салата.