Јунаците од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на овогодинешното издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија.
Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“.
Настанот ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во Париз.
Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија.