Home INFO Ова се најкатастрофалните земјотреси кои го стресоа светот

Ова се најкатастрофалните земјотреси кои го стресоа светот

реклама:hotel PREMIER

Денес се одбележуваат точно 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

На 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути,земјотрес со јачина девет степени по Меркалиевата, а 6,1 степени според Рихтеровата сеизмичка скала катаклизмично го срушил Скопје.

Според информациите, животот го загубиле 1.070 граѓани, од кои 478 мажи, 430 жени и 162 деца. Овие информации не се официјални, бидејќи многумина биле закопани уште пред да се изврши официјалната идентификација на жртвите.

Повредени биле 2.900 лица.

Потресот разурнал 15.800 стана, а оштетени биле 28 илјади.

Во продолжение, ретроспектива на најголемите земјотреси во светот.

Пакистан

На 8 октомври 2005 година катастрофален земјотрес со јачина од 7.6 го погодил Кашмир, Пакистан.

Во земјотресот загинале 85.000, а повеќе од 69.000 беа повредени.

Азербеџан

Земјотрес со јачина од 6.9 го погодил Азербеџан во ноември 1997 година.

Штетата која ја направил била над 25 милиони, а со него однел и 80.000 жртви.

Иран

Силен земјотрес го погодил и Иран, во близина на радот Табиз во април 1721 година.

Земјотресот со себе однесол над 80.00 жртви и скоро цел град бил срушен.

Лисабон

Познат како „Големиот земјотрес во Лисабон“, оваа катастрофа се случила на 1 ноември 1755 година.

Јачината на земјотресот била од 8.5 до 9.0, а загинале над 100.000 луѓе.

Перу

Големиот земјотрес во Перу ги погодил областите Анкаш и Ла Либертад.

Се случил на 31 мај 1970 година и се смета за најголема катастрофа што го има погодено Перу во која настрадале над 3 милиони.

Земјотресот бил со јачина од 7.9 по Рихтерова, а 8.0 по Меркалиева скала.

Во земјотресот погинале 74.194, 25.600 биле исчезнати, 143.331 биле повредени а над еден милион останале без дом.

Италија

На 11 јануари 1693 година, земјотрес со јачина од 7.4 ја погодил Сицилија, Италија.

Ова се смета за најголем земјотрес што ја има погодено Италија, во кој биле уништени 70 градови и погинале 70.000 луѓе.

Рудбар-Иран

Оваа катастрофа се случила на 21 јуни 1990 година.

Земјотресот уништил 700 села, оставил 40.000 жртви, 60.000 повредени и над пола милион без домови.

Турција

Земјотрес со јачина од 7.9 ја погоди Турција на 17 август 1990 година, а траел само 3.7 секунди.

Уништен бил градот Измит, имало 17.000 жртви и 43.000 повредени.

Непал

Земјотрес со јачина од 8.0 го погодил и Непал на 25 април 2015 година.

Во катастрофата погинале над 5.000 луѓе.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------