Home INFO Premier Luxury Mountain Resort, хотел кој ќе ве натера ова лето да...

Premier Luxury Mountain Resort, хотел кој ќе ве натера ова лето да престојувате на планина!

реклама:Лето во Банско

Секое патување треба да има позитивен ефект врз вашето здравје, да ве освежи, исполни и одмори, па затоа треба правилно да се одбере местото и годишното време.

Со одмор на некоја прекрасна планина со неверојатна шума и природа, дефинитивно ќе ги наполните батериите за цела година.

Банско, Бугарија е место со прекрасна клима, неверојатно убава природа, пристапни области од диви шуми и погледи кои го одземаат здивот.

Доколку ова лето планината е ваша дестинација, топла препорака да го посетите хотелот PREMIER Luxury Mountain Resort, кој штотуку ја отвори летната сезона!

Лоциран е во Банско,  во подножјето на самата планина Пирин.

Хотелот располага со 111 соби и елегантни апартмани,2 ресторани,1 бар-ресторан, детско катче, занимална и луксузен спа-центар за здравје и релаксација, надворешен и внатрешен базен со термална вода,со прекрасен поглед на планината.

Нурнете во планините и подгответе се за целосно релаксирачки одмор!

Добредојдени сте да се придружите за време на викендот (16-18 Јуни) кој ќе го означи големото отварање на летната сезона на Премиер, со незаборавна ноќ под ѕвезденото небо на Банско на 17-ти јуни во 20:00 часот.

Влезот е бесплатен за гостите на хотелот и вклучува пијалок за добредојде и закуска.

Гостите ќе се забавуваат со музика во живо и ДиЏеј.

По повод големото летно отворање PREMIER нуди неколку посебни поволности:

– Специјални цени за сите соби и апартмани за викенд 16-18/јуни.

– Специјални цени за третман на СПА

– Бесплатен влез на забавата со закуска и пијалок за добредојде.

Како и секоја година, PREMIER Luxury Mountain Resort подготви актуелни специјални понуди за совршен летен одмор кои вклучуваат удобни опции со појадок и вечера, романтична специјална понуда за парови со акцент на внимателно изготвено мени и СПА, но и одлични зделки за семејства каде што децата престојуваат и вечераат бесплатно.

Малите гости ќе уживаат во креативна и забавна детска анимација, детски клуб, игротека и игралиште!

Блиската околина на хотелот Премиер нуди одлични можности за планинарење, за прошетки низ свежата борова шума, за планинско трчање и планински велосипедизам.

 

Резервирајте го вашиот одличен летен викенд сега!

тел. +359 749 50500
reservations@premiermountainresort.com

www.premiermountainresort.com

ОВДЕ можете да ги видите актуелните летни понуди на Премиер

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------