Home INFO Први април – Денес е дозволено да излажете

Први април – Денес е дозволено да излажете

реклама:Велигден со Стаф

На овој ден сите се шегуваат, без разлика дали на своја сметка, или на сметка на некој друг.
Овој ден треба да е весел, а некои, пак, се трудат да не бидат излажани за да не бидат несреќни цела година.

„Априлилили“ е најчестата фраза што кај нас ќе ја слушнете денеска, кога некој намерно ќе излаже некого, а овој ќе му поверува.

Денеска се дозволени секакви лаги, само доколку внесуваат забава и смеење по нејзиното разоткривање.

Но, имајќи предвид дека луѓето во повеќе земји, го почитуваат овој празник и на сличен начин го слават, добро е да се потсетиме како почнал да се одбележува овој ден.

Има повеќе верувања за почетоците на 1 aприл, како ден на шегата.

Се верува дека обичајот да се шегувате на 1 април потекнува од Франција од 16 век.

Пред тоа, според календарот што се употребувал во Европа, годината почнувала на 1 Април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале.

Но, во 1564 година, францускиот крал Чарлс IX, презел нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на 1 јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на 1 април.

Наскоро овие луѓе станале мета на исмејување и трикови на нивните пријатели и соседи, само поради тоа што 1 април го славеле како Нова Година.

Пријателите и соседите им испраќале лажни подароци, покани за лажни забави, и разни други мајтапи токму на 1 април.

Според некои, „народниот празник“, 1 април, се појавил кон крајот на средниот век во Европа како „Ден на сите лудаци“, кој бил општонародна веселба, а се верува дека корените на тој народен празник се наоѓаат во стариот Рим, познат и по тоа што тогашните луѓе знаеле добро да се забавуваат.

Англичаните мислат дека Денот на шегата е преземен од истокот, а 1 април го нарекуваат „Ден на сите глупаци“.

Холанѓаните имаат традиција на лажење на 1 април: весниците се натпреваруваат да објават ексклузивни вести, на пример, за доаѓањето на некои светски државници во тој град, или за болестите, за експериментите во атомистиката итн.

Германците 1 април го сметаат за ден кога лесно се чувствуваат несреќни, а своите лоши чувства помалку ги поврзуваат со лажењето, а повеќе за преданието дека на 1 април се родил апостол Јуда, Христовиот издајник.

Една од првите регистрирани првоаприлски шеги се случила во 1713 година, кога Џонатан Свифт, автор на познатите „Гуливерови патувања“, објавил дека на 1 април еден од погубените криминалци ќе се врати од мртвите за да се напие пиво во локалниот паб. Тој ден пабовите биле преполни со луѓе кои дошле да го видат „мртовецот како консумира пиво“.

Скопје денеска, ќе се приклучи кон прославата на овој празник, со маскирање на најмладите, преку ден, а потоа во вечерните часови, истото ќе го сторат и возрасните.

Заначи, најпрво да излажеме коисме, да се престориме во друг, ако ни помине и некоја лага, со задовослтво ќе викнеме „Априлилили!“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------