Home INFO Публиката во солзи: Ацо Пејовиќ и го спасил животот, а по 10...

Публиката во солзи: Ацо Пејовиќ и го спасил животот, а по 10 години таа го изненади (видео)

реклама:Лето во Банско

Српскиот пејач Аца Пејовиќ доживеа пријатно изненадување на концертот во еден босански град.

На сред концерт на сцената се појавил организаторот на концертот, и му се обратил на пејачот дека има изненадување за него.

На сцената се појавила малата Алмира за да му се заблагодари на познатиот пејач кој пред десет години и го спасил животот донирајќи за нејзиното лекување.

– Имаме одлична причина да го прекинеме концертот. Колку го сакате Ацо? Луѓе, после ова ќе го сакате уште повеќе. Многу луѓе ме замолија вечерва да се сликаат со него, но на само една девојка тоа ќе и биде дозволено. Една девојка ќе се слика, а се вика Алмира. Ова е фотографирано пред десет години, Ацо и Алмира – рекол организаторот.

– Не го очекував ова… Ме расплака. Да си жива и здрава, срце мое! Срцето ми е толку полно кога ќе те видам. Не ни знаев дека си бебето што го држев… – рекол Ацо.

Алмира имала само 4 месеци кога Ацо Пејовиќ и донирал пари за неопходна операција на дебелото црево. А денес благодарение на пејачот, таа израсна во вистинска мала убавица која денес е здраво девојче.

Во продолжение погледнете го видеото од емотивната средба.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------